Шпанската полиција објави како се случила несреќата во која загина Жота

Шпанската полиција преку соопштение потврди дека фудбалерот на Ливерпул и португалската репрезентација, Диого Жота и неговиот брат починале.

Полицијата информира дека, според првичните информации, несреќата се случила откако возилото „Ламборгини“ излетало од патот откако му пукнала гума.

„Според информациите со кои располагаме засега, возилото Ламборгини било вклучено во сообраќајна несреќа и излетало од патот поради пукање на гума при претекнување. Несреќата се случила во раните утрински часови. Возилото се запалило, при што двајцата патници во него ги загубиле животите“, соопшти полицијата.

Фото: EPA PHOTO