Португалците траорно се простија од Жота и неговиот брат: Изгубивме двајца шампиони!

Португалската фудбалска федерација (ФПФ) со длабока тага ја потврди веста за трагичната смрт на португалскиот репрезентативец Диого Жота и на неговиот брат Андре Силва, кои ноќта кон среда го загубија животот во сообраќајна несреќа.

Трагедијата се случила во Шпанија каде што двајцата биле на одмор со своите семејства.

„Целиот португалски фудбал е потресен од оваа огромна загуба. Изгубивме не само врвен фудбалер со речиси 50 настапи за сениорската репрезентација, туку и извонредна личност, почитувана од соиграчи и противници, човек со заразна енергија и искрена љубов кон фудбалот“, соопшти федерацијата.

Претседателот на ФПФ, Фернанду Гомеш, изрази искрено сочувство до семејството и блиските на Жота и Силва, како и до нивните клубови – Ливерпул и Пењафиел. Федерацијата побара од УЕФА да се одржи минута молк пред натпреварот меѓу Португалија и Шпанија во рамки на Европското првенство за жени, закажан за в четврток.

„Изгубивме двајца шампиони. Заминувањето на Диого и Андре е ненадоместлива загуба за португалскиот фудбал. Ќе се стремиме секојдневно да го чуваме нивното наследство живо“, стои во соопштението.