Жота загина само десет дена по свадбата со најголемата љубов со која има три деца!

Португалскиот фудбалер и напаѓач на Ливерпул, Диого Жота, трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Шпанија на само 29-годишна возраст, во несреќа што се случила во западниот дел на земјата по која деталите сè уште не се официјално објавени, освен дека загинал и неговиот брат.

Неговата смрт доаѓа само десетина дена по неговата свадба со долгогодишната партнерка Руте Кардозо. Двојката се венча на 22 јуни, а на социјалните мрежи споделија фотографии со емотивната порака: „Да, засекогаш“. Жота и Руте имаат три деца – синот роден во 2021 година, неговото братче во 2023 година и ќерка која се роди на 26 ноември 2024 година. При прославата на еден од головите по Европското првенство во 2024 година, Жота симболично ја прослави бременоста на својата сопруга ставајќи топка под дресот.

Професионалната кариера ја започна како лево крило во Пакош Фереира, по што потпиша со Атлетико Мадрид, но не доби шанса да заигра за првиот тим. Беше испраќан на позајмици во Порто и Вулверхемптон, а од 2020 година беше дел од Ливерпул. За португалската репрезентација настапи 49 пати и постигна 14 голови. Со националниот тим освои две титули во Лигата на нациите, а со Ливерпул ги освои Премиер лигата, ФА Купот и Лига Купот.