Добра идеја и за нашите тимови: Мец ќе игра во дресови со ликови од навивачите (ВИДЕО)

Франускиот прволигаш Мец ги промовираше новите гостински дресови за претстојната сезона, со уникатен дизајн кој има посебна симболика – посветеност и почит кон најверните навивачи, нешто што може.

Дресовите за гостинските натпревари е украсена со суптилни водени жигови од фотографии на навивачи во еуфорични моменти – со подигнати раце, шалови и знамиња. На дел од знамињата се испишани имињата на двете најголеми навивачки групи кои со години се неизоставен дел од клупската атмосфера.

„Тие секогаш се со нас, без разлика каде играме. Затоа сакавме дресот да биде вистинска почит кон нивната поддршка“, порачаа од клубот при промоцијата.

Мец оваа сезона повторно ќе игра во најсилната лига во Франција, откако во баражот го совлада тимот на Ремс и обезбеди место во Лига 1. Првенството започнува во средината на август, а клубот во првото коло ќе го пречека Стразбур на домашен терен.

ФОТО: www.fcmetz.com