Лејкерс договори врвен центар и ќе се бори за шампионскиот прстен

Лос Анџелес Лејкерс реши еден од најголемите проблеми во тимот и ангажира квалитетен центар, а станува збор за Деандре Ејтон, односно првиот пик на НБА-драфтот во 2018 година.

Ејтон минатите две сезони ги помина во Портланд, а со Лејкерс ќе потпише двегодишен договор и наводно во првата година ќе заработи 34 милиони долари.

Талентираниот кошаркар во просек во кариерата постигнува по 16,4 поени и 10,5 скокови, па така ќе биде големо засилување за тимот од Лос Анџелес.

Ејтон го носеше дресот на Портланд трејл блејкерс од 2023 до 2025 година, а претходно пет години беше дел од Феникс санс.

Фото: EPA PHOTO