
Штип УГД пред европското деби се засили со репрезентативец на Македонија
Илиев пристигнува во Штип за да го засили тимот пред европското дерби, а досега го носеше дресот на Марсонија од Хрватска.
Во својата кариера која ја започна во Струмица, Илиев настапуваше уште за Вардар, Осијек, Каламaта, Залау, Хапоел и Еносис Анагенисси.
„Стојан Илиев е одлично и звучно одбојкарско име, кое одлично ќе се вклопи во конституирањето на новиот ростер на нашиот клуб за претстојната сезона, во која ќе имаме и европско деби, односно ќе настапиме во ЦЕВ Челинџ купот“, порачуваат од редовите на штипскиот клуб.