
Борусија Дортмунд победи и си закажа четвртфинална битка со Реал Мадрид! (ВИДЕО)
Германскиот тим поведе рано, уште во 14. минута по асистенција од Адејеми, Гираси ја смести топката во мрежата на противникот за водство од 1-0.
Десет минути подоцна истите актери ја зголемија предноста на Дортмунд, Адејеми повторно ја имаше улогата на асистент, а Гираси погоди за 2-0.
Монтереј одлично го стартуваше второто полувреме, по само три минути во него Бертерам даде гол со глава, намали на 2-1 и го врати мексиканскиот тим во живот.
Но, до крајот на мечот немаше друг погодок, Борусија Дортмунд го сочува водството и се пласираше меѓу осумте најдобри на турнирот каде ќе игра против Реал Мадрид.
Фото:X/BVB