Баерн Минхен има нова „десетка“

Eкипата на Баерн Минхен од денеска и официјално има нова „десетка“, а тоа е Џамал Муиала.

Мусиала иако има само 22 години веќе е еден од најважните фудбалери на Баерн Минхен, но и германската репрезентција.

„Десетката“ во Минхен тој ќе ја преземе од Лерој Сане кој го напушти Минхен и се пресели во редовите на Галатасарај.

Во изминатата сезона Мусиала во Баерн настапуваше со дресот број 42.