
Одигра епски меч со Алкараз, па плачеше како мало дете во соблекувалната!
Шпанецот дојде до тешка победа (7-5, 6-7, 7-5, 2-6, 6-1) и ќе се сретне со Британецот Оливер Тарвет во второто коло – тенисер кој не е ни меѓу првите 700 на АТП листата. Сепак, целото внимание го привлече 38-годишниот Фоњини, кој неочекувано освои два сета и доби симпатии од публиката со својата пожртвуваност и борбен дух. Италијанецот по мечот откри дека емотивно го доживеал дуелот.
„Плачев како мало дете во соблекувалната. Искрено, не очекував дека ќе одиграм пет сета против Алкараз. Немав никакви очекувања, со оглед на начинот на кој дојдов на турнирот. Мислам дека нема подобар начин да се простам од Вимблдон – или можеби дури и од тенисот – изјави Италијанецот.
Фоњини, кој моментално е 138. на светската ранг-листа, во кариерата има освоено девет титули и уште едно АТП финале. Негов најголем успех останува титулата на Мастерсот во Монте Карло во 2019 година, кога во финалето го победи српскиот тенисер Душан Лајовиќ.
ФОТО: EPA PHOTO