
Десет минути игра, а Баерн веќе има два гола предност (ВИДЕО)
Германскиот првак има предност од 2-0 по само десет минути игра во дуелот со Палмеирас. Пулгар си постигна автотол во шестата, а потоа Кејн со прекрасен гол го удвои водството на својот тим.
Интересно е тоа што моменталниот резултат не е реален одраз на случувањата на теренот бидејќи Палмеирас има повеќе удари кон голот на Баерн (3), како и поголем посед на топката (58%) и иницијатива.