Јамал со интересна фотографија најави дека ќе ја носи „десетката“ во новата сезона (ФОТО)

Ансу Фати е пред трансфер во Монако, па „десетката“ на Барселона во новата сезона речиси сигурно ќе има нов сопственик.

Такво нешто одамна се најавува, се очекуваше само заминувањето на Фати кој го имаше бројот во своја сопственост. Никој не се сомнева дека од новата сезона тој ќе блесна на грбот на Ламин Јамал, а назнаки за тоа даде и самиот тој денеска со фотографија на својот Инстаграм профил.

На фотографијата е една од најпознатите „десетки“ во историјата на Барселона, Диего Марадона кој играше за каталонскиот клуб од 1982 до 1984 година. Интересно е тоа што Јамал во овој случај не го избра Лионел Меси за кого многу пати досега кажа дека му е идол и дека е најдобар фудбалер во историјата.

Церемонијата на преземање на бројот 10 од Ламин Јамал е најавено дека ќе се одржи на 13 јули кога тој полни 18 години и кога почнуваат подготовките на Барселона за новата сезона.