
Нема место во Лондон: Челси ќе го избрка српскиот херој од Тирана
Тренерот на премиерлигашот, Енцо Мареска не го повика Петровиќ за Светското клупско првенство, иако чуварот на мрежата воодушеви со неговите настапи во Стразбур каде што играше на позајмица минатата сезона.
За услугите на голманот биле заинтересирани Монако и Лидс, но најсериозен кандидат за неговиот потпис е турскиот гигант Галатасарај.
Челси бара 25 милиони евра за трансферот на Петровиќ, но засега Галатасарај нуди позајмица со задолжителен откуп на крајот на сезоната.