Лејкерс во проблем: Еден од најважните во тимот одби 90 милиони долари

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс одби да го продолжи договорот со оваа франшиза иако му беа понудени 90 милиони долари.

Одличниот шутер влегува во третата година од договорот вреден 53 милони евра кој беше потпишан пред две години, а наредното лето има право да ја прекине соработката и како слободен агент да добие подобра понуда од оваа на Лејкерс.

Лејкерс во овој момент не се во можност да му понудат повеќе, па поради тоа извесно е дека ќе дојде до разделба наредната сезона.

Во Лејкерс пристигна во 2021 година кога не беше избран на драфтот, но клубот од Лос Анџелес ссе одлучи да му даде шанса.