Бекам заврши в болница поради повреда на раката

Поранешниот капитен на Англија и легенда на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам е хоспитализиран поради мистериозна повреда на раката.

Фотографијата од неговиот болнички кревет брзо стана вирална, привлекувајќи големо внимание од фановите ширум светот. Неговата сопруга Викторија Бекам ја објави на Инстаграм, а на неа се гледа како Дејвид лежи во болнички кревет со раката во гипс, но со насмевка на лицето.

„Оздрави брзо, тато“, напиша таа покрај фотографијата на која се гледа поранешниот фудбалер.

Иако повредата очигледно не е мала, се чини дека Бекам, сепак, е расположен. Ни тој, ни Викторија не открија детали за повредата или како се случила. Бекам неодамна го прослави својот 50-ти роденден и беше именуван во Кралскиот орден за заслуги, станувајќи Сер Дејвид Бекам.