
Поранешна вардарка во драматично обраќање откри дека има рак! (ВИДЕО)
Херем, која сè уште игра активно ракомет, објави дека неодамна дознала за страшната болест кога била на контрола во болница.
„Пред три ипол недели почувствував болка во градите, си реков дека треба да проверам што е. Минатата недела направив ултразвук и ме повикаа од болницата. Тогаш ми кажаа дека имам рак на дојка. Сè уште сум во шок“, кажа Херем.
Норвежанката играше за Вардар во сезоната 2016/17 кога успеа со скопскиот тим да стигне до финалето во Лигата на шампиони (ЛШ).
Фото: EPA PHOTO