Бизнисмен што уништува клубови: Две европски екипи се соочија со катастрофа!

Поранешниот шампион на Португалија, Боависта беше исфрлен во трета лига поради долг кој изнесува повеќе од 50 милиони евра. Тимот во минатото беше еден од најголемите во шампионатот, но сега се соочи со најтешките моменти во историјата.

Боависта оваа сезона заврши на последното место со 24 бодови, а поради големите финансиски проблеми наместо да испадне во втора лига, клубот беше исфрлен во уште понизок ранг на натпреварување.

Сопственикот на тимот, Жерар Лопез кажа дека не ги добил очекуваните пари и поради тоа не ги предал на време документите, па Боависта ќе мора да го продолжи натпреварувањето во третата лига.

Португалскиот тим ја доживеа истата судбина како и француски Бордо, кој повеќе не се натпреварува на професионално ниво, а интересно е тоа што сопственик и на тој клуб е Жерар Лопез.

Фото: Facebook/Boavista Futebol Clube