
Сити единствен со максимален ефект: Познати осминафиналните двојки на СКП
Единствениот тим кој заврши со максимални девет бода е Манчестер Сити кој синоќа го прегази Јувентус со 5-2 и покажа дека е способен да оди до крајот. Најголемо разочарување е Атлетико Мадрид кој единствен од европските гиганти го заврши својот настап уште во групата.
Во осминафиналето има две европски пресметки, класикот меѓу Реал и Јувентус и дуелот на Бенфика и Челси. Меѓу себе ќе играат и бразилските гиганти Палмеирас и Ботафого, но најинтересно е тоа што уште сега има најави за блескави пресметки до крајот на првенството.
На иста страна од „костурот“ се ПСЖ, Интер Мајами со Меси, Баерн, Реал и Јувентус и сите овие екипи би можеле да се сретнат во некоја фаза од шампионатот. На другата страна не е толку збиена конкуренцијата и се чини дека Манчестер Сити е најголем фаворит за пласман во финалето.