Тежок пад на Маркез во Холандија: Можеше сериозно да се повреди (ВИДЕО)

Возачот на Дукати, Марк Маркез и покрај тоа што имаше незгоден пад беше најбрз на првиот слободен тренинг пред Големата награда на Холандија, 10-тата трка на овогодинешниот Мото ГП шампонат.

Маркез во раната фаза доживеа тежок пад во кој ја повреди левата рака. Шпанскиот мотоциклист изгуби контрола над својот мотор во кривината 15 и падна на земјата. Беше забележително дека осумкратниот светски шампион има проблем со левата рака, но по паузата од десетина минути во која му беше укажана лекарска помош се врати на патеката.

И во таква ситуација успеа да го има најдоброто време до крајот 1:32.216. Зад него се најде Маверик Вињалес, додека третото време го имаше Марко Бецеки.