Арсенал не успеа да го задржи Парти, но за 11 милиони купи негова замена!

Арсенал и Томас Парти не се договорија за продолжување на соработката, топчиите ќе ангажираат друг играч од средниот ред, станува збор за Данецот, Кристијан Норгард.

Прв избор на Арсенал беше Томас Парти чиј договор со клубот истекуваше, но тој не се сложи да остане во Северен Лондон.

Откако клубот виде дека преговорите не се одвиваат во позитивна насока, реши да тргне по друг играч.

Тие го договорија Кристијан Норгард од Брентфорд за кого ќе платат 11 милиони евра.

Се е договорено, фудбалерот ќе ги помине медицинските прегледи и ќе го потпише договорот по што трансферот ќе биде официјализиран.