
Бенфика го победи Баерн Минхен и како прва од групата оди во осминафинале! (ВИДЕО)
Единствениот гол на натпреварот се случи во 13. минута кога Шјелдерум погоди за водство на Бенфика од 1-0.
По 15 минути игра во второто полувреме Баерн се израдува на гол, но погодокот на Кимих беше поништен поради офсајд.
Поразот на Баерн Минхен можеби и му одговара, бидејќи во групата со која вкрстуваат Фламенго го освои првото место па ќе играат против бразилскиот клуб наместо против Челси кој веројатно ќе влезе како втор и ќе се сретне со Бенфика во осминафиналето.
Фото: X/SLBenfica