Шортс на Париз му ја донесе титулата во Франција - се славеше со македонско знаме! (ФОТО)

Париз со 99-93 го совлада Монако во мајсторката за титулата во кошаркарското првенство на Франција и првпат во историјата стана шампион, македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше убедливо најдобриот на теренот.

Клучна беше последната четвртина во која Париз се крена, одигра маестрална одбрана, го сврте резултатот и на крајот заслужено се радуваше на титулата.

Двата тима имаа свои периоди, во текот на втората четвртина Париз имаше предност од дури 17 поени разлика, водеше со 42-25, но им се случи несфатлив пад во продолжението од мечот.

Монако не само што го сврте резултатот туку во финишот од третата четвртина дојде и до позитива од девет поени, беше 81-72.

Сепак во последните десет минути Париз на крилјата на нашиот Шортс одигра феноменално, прими само десет поени и го доби мечот со 99-93.

Шортс беше убедливо најдобриот кошаркар на теренот, постигна 27 поени, имаше 10 асистенции и седум скокови. Вториот најефикасен на мечот беше Диало од Монако со 18 поени.

На трибините во салата во Париз се појави и македонското знаме во чест на Ти-Џеј Шортс.

Oва беше последниот меч за Шортс во дресот на Париз, во следната сезона ќе настапува за Панатинаикос.