Петар Денковски е нов национален ФИБА инструктор

Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) го назначи Петар Денковски за национален ФИБА инструктор за нашата земја.

Тој важи за официјален делегат-контролор на Светската кошаркарска федерација, а отсега ќе ја има и улогата на национален ФИБА инструктор за Македонија.

Петар Денковски е долгогодишен судија со знакот на ФИБА кој пред извесно време стави крај на својата интернационална судиска кариера.

На новата функција доаѓа на местото на Ѓорѓи Пиперков.