
Момчињата на Луцерн до 15 години ја прегазија женската сениорска репрезентација на Швајцарија!
Мечот се играл зад затворени врати, а резултатот требало да остане тајна. Но фудбалер од Луцерн постирал слики на социјалните мрежи, па се дознале сите работи во врска со мечот.
Швајцарската женска репрезентација се подготвува за Европското првенство, па ова за нив е непријатен пораз ако се знае дека примија дури седум голови од 15-годишни момчиња.