
Работнички убедливо загуби од Партизани, непријатен пораз за македонскиот тим
Тимот од Тирана го отвори резултатот во 18. минута, а шест минути подоцна зголеми на 2-0. Тоа беше и резултатот од првото полувреме.
Во финишот од мечот Албанците дадоа уште еден гол за конечен триумф од 3-0.
Претходно Работнички двапати ремизираше со Силекс, 0-0 и 1-1. Генералката пред мечот во квалификациите од Конференциската лига е против Балкани.