Еврогол на Закариќ му донесе победа на Вардар против Рапид Букурешт (ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски клуб Вардар ја оствари втората победа на подготовките во Словенија откако денеска го совлада романскиот Рапид Букурешт со 1-0.

Претходно, „црвено-црните“ го победија Будуќност од Подгорица со 3-0, а загубија од Олимпија со 0-2. Моментот на одлука денеска се случи во осмата минута кога Закариќ со прекрасен удар од десната страна го совлада противничкиот голман Столц. Натпреварот немаше некоја особена динамика што и не е изненадување ако се знае дека екипите се во фаза на подготовки и воигрување.

 

До враќањето во Скопје, планирано е Вардар да одигра уште еден пријателски меч, против Марибор на 28 јуни од 17:30 часот. Првиот натпревар од квалификациите за Конференциската лига е на 10 јули, против Ла Фиорита во Скопје.