Ивановски со личен рекорд сезонава ѝ донесе втора радост на Македонија

Македонскиот натпреварувач на долги патеки Дарио Ивановски ѝ ја донесе втората победа на нашата репрезентација на Европското екипно првенство - 3. дивизија што се одржува во Марибор.

Тој триумфираше во трката на 5.000 метри со време од 14:04.06 минути што е негов најдобар резултат сезонава, но 10 секунди побавно од рекордот на кариерата. За неговата доминација, најдобро зборува фактот што второпласираниот Балдвин Магнусон од Исланд заостана повеќе од 26 секунди, а дел од натпреварувачите доцнеа и повеќе од еден круг зад Ивановски.

Претходно, првото место во својата дисциплина го освои Андреас Трајковски кој беше најдобар во скок во далечина.