Бублик го шокира најдобриот тенисер: Синер не доживеал ваков пораз дури 673 дена!

Најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата на турнирот во Хале, Јаник Синер беше шокиран во второто коло од Александар Бублик со 1-2 во сетови, односно 6-3, 3-6 и 4-6.

Синер го доби првиот сет со 6-3 за само 26 минути и делуваше дека лесно ќе запише победа, меѓутоа ривалот од Казахстан се разбуди во вториот сет и го освои со 6-3, а Бублик беше одличен и во четвртиот сет каде што славеше со 6-4.

Италијанецот ваков пораз нема доживеано одамна, односно ова му е прв неуспех против некој тенисер кој е надвор од топ-20 по дури 673 дена.

Претходниот пораз го доживеа од Душан Лајовиќ пред речиси две години на турнирот во Синсинати.

Фото: EPA PHOTO