
Детали за состојбата на Мбапе - паузата може да трае подолго од очекуваното!
Мбапе го пропушти мечот против Ал Хилал на Светското клупско првенство, а „кралевите“ потврдија дека станува збор за инфекција која предизвикува висока температура и други здравствени проблеми поради што напаѓачот мора да биде под надзор.
„Марка“ пишува дека тренерот Чаби Алонсо неколку дена ја следел ситуацијата на францускиот голгетер, а новите извештаи покажуваат дека ќе ги пропушти и дуелите против Пачука и Салцбург.
Исцрпеноста би можела да остави сериозни последици на неговата физичка подготвеност, посебно на телесната маса, што значи дека враќањето на тренинзите и формата би можеле да траат подолго од очекуваното.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.