Раул стигна во Србија, помошник ќе му биде - легенда на Вардар!

Шпанскиот ракометен стратег, Раул Гонзалез кој со Вардар ја освои Лигата на шампионите, пристигнува во Србија, тој ќе биде селектор на оваа земја, а во стручниот штаб има лица кои се добро познати меѓу фановите на црвено-црните.

Раул Гонзалез го заврши седумгодишниот престој во Париз, се раздели од ПСЖ и сега почнува нова мисија. Тој ќе биде селектор на Србија.

Шпанецот од денеска е во Србија, веќе го крои својот стручен штаб. Прв помошник ќе му биде легендарниот Немања Прибак, миленкот на фановите на Вардар кој беше и македонски репрезентативец.

За физичката подготовка на ракометарите ќе биде задолжена Марија Лојаница која работеше со Раул Гонзалез и во Вардар.

Србите имаат сериозни очекувања од Шпанецот кој треба повторно да ги направи конкурентна репрезентација на големите турнири.