Комо потпиша со Батурина и ја наполни касата на Динамо Загреб!

Комо и официјално го потврди трансферот на Мартин Батурина кој стави потпис на договор со италијанскиот тим до јуни 2030 година.

Дел од абмциозниот италијански клуб Комо сега е и офанзивниот Хрват од средниот ред, Мартин Батурина.

„Комо со задоволство може да го соопшти доаѓањето на хрватскиот репрезентативец Мартин Батурина кој официјално станува член од 1 јули 2025 година. Фудбалерот од средниот ред потпиша договор кој ќе го задржи во клубот до јуни 2030 година“, се вели во соопштението на Комо.

Динамо Загреб добро ќе заработи од овој трансфер. Комо ќе му плати 17 милиони евра на хрватскиот клуб плус 5 милиони евра во бонуси.