Англиска фудбалерка беше во контра, Бонучи ја срамни со земја (ВИДЕО)

Вчера на Олд Трафорд беше одржан хуманитарен фудбалски натпревар меѓу комбинирана репрезентација на Англија и селекција на светот.

Во двете екипи имаше ветерани, но и видни личности од сите спортови, естрадата, како и фудбалерки, сегашни и поранешни. Собрани се 18 милиони евра кои ќе бидат уплатени на сметката на УНИЦЕФ, а на теренот и покрај тоа што стана збор за хуманитарен натпревар, немаше милост.

Италијанскиот ветеран Леонардо Бонучи изгледа заборави дека се работи за ревијален натпревар, па при еден контранапад жестоко стартуваше врз Стефани Хотон која не доби ни фаул за тоа. За својот старт, Бонучи доби свирежи од публиката на Олд Трафорд.