Хит изјава на привремениот тренер на Партизан: Играчите имаа многу промили алкохол во себе

Поради суспензија, Жељко Обрадовиќ не го води Партизан во плејофот од српското првенство, па таа улога ја има неговиот заменик Богдан Караичиќ.

Тој вчера забележа победа против ФМП, а по мечот се осврна на она што се случуваше претходните денови. Партизан триумфираше во АБА лигата и сите јасно ставија до знаење дека српското првенство не ги интересира многу.

„Не се осврнував многу на резултатот, повеќе сакавме во првото полувреме да ги отрезниме играчите бидејќи имаа многу промили алкохол во крвта. Мислам дека успеавме во тоа и во третата и последната четвртина беа поактивни и играа подобро. Не трениравме два дена, бевме на прослави, журки... Балша синоќа организираше вечера за цела екипа што мислам дека не е добро за мене, но е добро за тимската хемија“, рече Караичиќ.

Партизан сега води со 1-0 во полуфиналната серија која се игра до две победи, додека Црвена Звезда има негатива од 0-1 против Спартак.