
Ѓоковиќ по УС Опен ја напушта Србија и се сели во Атина
Информацијата ја објавија српски, но и грчки и француски медиуми и сите се на став дека тоа го прави поради катастрофалната политичка ситуација во неговата татковина и со желба да го заштити своето семејство. Уште кога почнаа протестите во Белград, Ѓоковиќ им даде поддршка на студентите поради што често беше цел на напади на прорежимските медиуми кои дури и не ги објавуваа неговите резултати за да не им замери претседателот Александар Вучиќ.
Што се однесува до него, тој тешко дека би паднал на притисокот на медиумите, но во овој случај во прашање е неговото семејство, односно малолените деца кои треба да бидат заштитени. Грчкиот портал Газета соопшти дека во текот на оваа недела Ѓоковиќ имал средба со премиерот Кирјакос Мицотакис со кого разговарал за можностите за преселба во Атина.
Наводно, договорен е и тајмингот на неговата преселба, а тоа е периодот по УС Опен, односно септември кога не е исклучено српскиот ас да објави и крај на својата професионална кариера. Нејасно е само како тој дошол на идеја да се пресели токму во Атина, ако се знае дека има имот и документи во Монте Карло и Марбеља кои се многу подобри за живот од главниот град на Грција.