
Ц. Звезда се посрамоти на стартот од КЛС – дома загуби од довчерашен второлигаш!
Гостите, кои до пред некоја сезона играа во АБА2-лигата, го контролираа темпото на натпреварот од втората четвртина па сè до крај, одржувајќи двоцифрена предност и не дозволувајќи му на актуелниот шампион да се врати во мечот. Тимот од Суботица сега е на чекор до пласман во големото финале со оглед што се игра до две победи, а следниот натпревар се игра в понеделник во Суботица.
Евентуалн „мајсторка“, пак, би се играл в среда повторно во Белград. Победникот од оваа серија ќе се сретне со подобриот од дуелот Партизан – ФМП во големото финале за шампион на Србија.