„Роналдо е најважниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид“

Легендарниот дефанзивец на Барселона, Карлес Пујол повторно покажа почит кон ривалите со кои се бореше на терените во текот на кариерата. Еден од најдобрите одбранбени фудбалери кажа дека Кристијано Роналдо бил најважен фудбалер во историјата на Реал Мадрид.

Пујол посочи дека Роналдо бил инспирација за многу генерации, а исто така доминира на теренот и денес, иако има 40 години.

„Кристијано е најважниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид. Тој постави стандарди кои е тешко да се надминат“, изјави Пујол.

Роналдо во периодот од 2009 до 2018 година одигра 438 натпревари за „кралскиот клуб“ и постигна 451 гол, а притоа освои повеќе пехари.

Фото: EPA PHOTO