Македонија води против Ерменија, Мицов по голема борба го победи Аванесјан!

Стефан Мицов со 2-1 (6-7, 6-3, 6-4) во сетови го победи Микајел Аванесјан во меч кој траеше нешто повеќе од три часа, Македонија води против Ерменија.

Мицов со многу мака дојде до победата над Авенесјан, во финишот од мечот во наша полза беше повредата на противникот кој едвај го заврши мечот.

Во првиот сет двајцата тенисери ги добиваа своите сервиси, па се играше тајбрејк кој му припадна на Ерменецот со 7-4.

Интересен беше вториот сет во кој Авенесјан поведе со 3-0, по што Мицов се крена и зема шест последователни гема по што го доби сетот со 6-3 за израмнување на 1-1.

Во третиот решавачки сет Ерменецот имаше предност од 4-2, но почна да има силни болки во ногата, неколкупати бараше лекарска интервенција. Мицов го искористи тоа, доби четири гејма и го доби сетот со 6-4 за победа со пресврт од 2-1 и водство на Македонија од 1-0.