Репрезентативец на Холандија уапсен во Дубаи – ќе лежи 7,5 години во затвор!

Холандскиот фудбалер Квинси Промес е уапсен во четвртокот во својот дом во Дубаи по налог на холандските власти, кои бараат негово екстрадирање, вест потврдена од неговиот адвокат Џем Полат, кој одби да даде дополнителни коментари.

Уапсениот 33-годишен поранешен холандски репрезентативец бил пренесен во притворски центар во Дубаи непосредно по апсењето. Ако се потврди дека тоа е спроведено по барање за екстрадиција, Промес ќе биде вратен во Холандија, каде што треба да одслужи казната затвор во траење од седум години.

Промес претходно беше осуден на една и пол година затвор за напад со нож врз свој роднина, а подоцна казната му беше зголемена за уште шест години поради вмешаност во шверц на дрога. Правниот процес по неговата жалба сè уште е во тек.

ФОТО: EPA PHOTO