Гвардиола не запира: Сити за шест месеци потроши 350 милиони евра на засилувања

Манчестер сити немаше најдобра сезона, поради што раководството реши да ангажира нови засилувања со цел да создаде тим со кој тренерот Пеп Гвардиола ќе може повторно да се бори за трофејот.

„Граѓаните“ во зимскиот преоден рок ги купија Омар Мармуш за 75 милиони, Нико Гонзалес за 60, Абдукадир Кушанов за 46, Витор Реис за 37 и Јума Бах за шест милиони евра.

Засилувањата му помогнаа на поранешниот шампион само да заврши на позиција која води во Лигата на шампиони (ЛШ), па поради тоа тренерот Пеп Гвардиола побара нови фудбалери, а клубот веднаш се активира на трансфер-маркетот.

Гигантот од Манчестер потоа потпиша со Тијани Рејндерс за 55, Рајан Алт-Нури за 36,8 милиони, Рајан Черки за 36,5 и Маркус Бертинели пристигна бесплатно.

Фото: Facebook/Manchester City