Ѕвезда на Атлетико Мадрид за 35 милиони евра се сели во Барселона

Шпанските медиуми пишуваат дека ѕвездата на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез наскоро сака да го напушти клубот затоа што смета дека истиот не може да се бори за титулата во Ла Лига.

Како потенцијална следна дестинација на Аргентинецот се споменува Барселона, која минатата сезона ја освои титулата во Ла Лига, а ќе биде еден од главните фаворити за пехарот и следната сезона.

Алварез претходно играше за Ривер плејт и Манчестер сити, по што се пресели во Атлетико, но најверојатно нема уште долго да остане во тимот.

Фото: Facebook/FC Barcelona