
Белгија го гази Велс, за 12 минути му даде три гола (ВИДЕО)
Велс гостува кај Белгија и веќе губи со 0-3, а трите гола беа постигнати во период од само 12 минути. Отвори Лукаку во 15. од пенал, четири миунути подоцна погоди Тилеманс, а во 27., во листата на стрелците се запиша и Доку.
Овој резултат многу ѝ одговара на Македонија, не само поради денешните резултати, туку воопшто бидејќи Велс би требало да ѝ биде директен ривал за второто место во групата во која прв фаворит е Белгија.