Пикси се изнервира: Не ви се допаѓа играта? Најдете си друг селектор!

Албанија и Србија одиграа нерешено (0-0) во Тирана во квалификациите за Светското првенство (СП), а многумина кај нашиот северен сосед не беа импресионирани од настапот на „орлите“.

Селекторот Драган Стојковиќ - Пикси кажа дека е задоволен со освоениот бод на тешкото гостување, но потоа му се налути на еден новинар кој зборуваше за играта на Србија.

„Не ви се допадна играта? Најдете друг селектор. Не е лесно да се игра тука, а ние покажавме карактер. Не се исплашивме од атмосферата која беше фантастична, им честитам на навивачите на Албанија“, му кажа Пикси на новинарот.

Фото: Facebook/Fudbalski savez Srbije