Газдата на Панатинаикос доби жестока казна поради скандалот во грчкото дерби

Контроверзниот сопственик на Панатинаикос, Димитриос Јанакопулос доби жестока казна од грчката кошаркарска федерација поради скандалот кој го направи во вториот меч од финалето во плејото на шампионатот против Олимпијакос.

Грчкиот кошаркарскио сојуз го казни бизнисменот со 10-месечна суспензија, а ќе мора да плати и парична казна од 20.000 евра.

Јанакопулос не смее да присуствува на спортски случувања сè до април 2026 година.

Фото: EPA PHOTO