Пелистер го задржа Радивојевиќ - нов договор за српскиот ракометар!

Ракометниот клуб Пелистер се пофали дека го продолжува договорот со Богдан Радивојевиќ кој и наредната сезона ќе биде дел од битолскиот клуб.

Радивојевиќ во Пелистер е од 2023 година, а зелено-белиот дрес ќе го носи најмалку уште една сезона.

„Нашиот ростер и следната сезона ќе биде преполн со родени шампиони. Еден од нив е Богдан Радивојевиќ, кој се обрвза на нов едногодишен договор со Еурофарм Пелистер. По две успешни сезони во првакот на Македонија, десното крило постигна согласност за соработка и за сезоната 2025/26. 
32-годишниот Радивојевиќ освојувал трофеи секаде каде што настапувал. Во Партизан, Рајн Некар Левен, Флензбург, ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер, Радивојевиќ остави голема трага и затоа огромно е задоволството што нашата соработка ќе продолжи.
Радивојевиќ во сезоните 2023/24 и 2024/25 одигра 27 натпревари за Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, а минатата сезона го освои и шампионатот на Македонија“, објави Пелистер.