Халибартон во последната секунда ја урна Оклахома - брејк за Индијана! (ВИДЕО)

Индијана поведе со 1-0 во финалната серија против Оклахома победувајќи ја на нејзин терен благодарение на кош на Тајрис Халибартон во последната секунда од натпреварот.

Оклахома беше сериозен фаворит во овој меч, но Индијана направи брејк и сега тие ја имаат предноста на домашен терен во финалната серија.

Домаќините имаа водство во текот на целиот меч, по неколку минути игра во последниот период беше и 94-79, највисоки 15 поени разлика.

Но, нивната предност полека почна да се топи и мечот влезе во исклучително драматична завршница.

При резултат 110-109, Оклахома промаши, Индијана изведе брз напад кој го реализираше Халибартон во последната секунда за победа од 111-110. Тоа беше и првото водство на гостите на мечот.

Гилџус Александер имаше одлична партија, постигна дури 38 поени, во составот на Индијана најефикасен беше Сиакам со 19 поени и 10 скокови, Халибартон иако беше херој на мечот, тој реализираше за него скромни 14 поени, но имаше и 10 скокови.