
Македонец ќе биде најскап трансфер во словенечката лига?!
Наводно, екипата на Олимпија е подготвена да плати сума од еден милион евра за Митровски кој зад себе има фантастична сезона во хрватскотото првенство во дресот на Вараждин. Рекордот во словенечкото првенство досега изнесува 800.000 евра и го постави исто така Олимпија со трансферот на Блесинг Елке.
Олимпија во Митровски гледа идеално засилување пред квалификациите за Лигата на шампионите, но и за сезоната во која ќе ја бранат освоената титула. Средствата веќе биле обезбедени со продажба на неколку фудбалери.
Митровски во Вараждин пристигна во 2023 година и брзо се адаптираше на хрватскиот фудбал, а во изминатата сезона постигна осум голови и додаде една асистенција на 28 натпревари. Вкупно за Вараждин одигра 71 натпревар во кои постигна 13 голови и запиша три асистенции.
Доказ за неговите одлични настапи беше и номинацијата за најдобар фудбалер во најсилното хрватско првенство.