Челси е далеку од договор со Милан - сакал да им го земе голманот за џабе!

Англискиот гигант Челси вчера се вклучи во трката за потписот на францускиот голман Мајк Мњан од Милан, меѓутоа новинарот Фабрицио Романо објави дека двете страни се далеку од постигнување договор.

Мењан има соработка со „росонерите“ до јуни 2026 година и поради тоа Челси сакаше да ја искористи ситуацијата за да плати само 10 милиони евра за трансферот.

Милан, сепак, не попушта во преговорите и смета дека нивниот голман вреди 30 милиони евра, иако има договор на уште една сезона.

Челси нема да инсистира во преговорите со Мењан и ќе ја чека конечната одлука на Милан до понеделник зашто веќе има четири квалитетни голмани, а тоа се Санчез, Петровиќ, Јоргенсен и Пендерс.

Фото: Facebook/AC Milan