Лејкерс му нудат богатство на Дончиќ - 165 милиони евра за три години

Јасно е дека Лука Дончиќ ќе биде кошаркарот околу кого ќе се гради иднината на Лос Анџелес Лејкерс бидејќи Леброн Џејмс нема уште долго да биде ни во тимот, ни на кошаркарските терени.

Менаџментот на франшизата веќе планира долгорочна соработка со словенечкиот ас, а првиот чекор кон тоа ќе биде нов договор, на три сезони зад 165 милиони долари. Двете страни ќе мораат да почекаат до 2 август за потпис бидејќи тогаш поминуваат шест месеци од трејдот на Дончиќ од Далас во Лејкерс.

Постои и друга варијанта, Словенецот да потпише четиригодишен договор за 229 милиони долари, но тој би почнал да важи од летото 2026 година.

Дончиќ ја заврши сезоната со просек од 28,5 поени, 7,9 скока и 7,3 асистенции, но сенка фрли лошиот настап на Лејкерс во плејофот, како и двомесечната пауза поради повреда, доживеана на натпревар од божиќната програма.