
Скандалозна одлука на „Ролан Гарос“: За Ѓоковиќ суспензија, за Музети - ништо (ВИДЕО)
За време на мечот, Музети нервозно удри едно топчо и тоа заврши во телото на една од линиските судии. Главниот арбитар на мечот не презеде ништо по тоа прашање, па италијанскиот тенисер не доби ни опомена за своето однесување.
Дури и Тиафо го забележа тоа и реагираше со гестикулација, а по мечот изрази разочарање за тоа што Музети не беше казнет.
Пред пет години, Новак Ѓоковиќ за сличен потег беше суспендиран и елиминиран од УС Опен. Тогаш, во осминафиналето, Србинот играше со Пабло Каарењо Буста, Ѓоковиќ случајно удри една од линиските судии, но таа падна и сугерираше дека се бори за воздух. По неколкуминутно разгледување на ситуацијата, мечот беше прекинат, а победата доделена на шпанскиот тенисер.