
Ацо Јоновски повторно ќе биде тренер во Германија
Јоновски по завршувањето на кариерата се посвети на тренерската работа и има ЕХФ мастер коуч лицеца, а како тренер работеше во Интерактив, исто така клуб од германската трета лига. Јоновски беше дел и од стручниот штаб на Кире Лазаров од 2021 до 2023 година.
„Се радувам новиот предизвик. Ова голема можност да го пренесам своето знаење на овие нови генерации. Ќе соработувам со Богдан Кричотоиу кој е мој стар пријател и навистина сум среќен“, изјави Јоновски.
Кричотоиу ќе има улога на негов помошник во втората екипа, меѓутоа ќе го предводи и А-тимот на младинците.