Хаос во АЕК пред одлуката за Алкалоид - загуби во финале, навивачите збеснаа!

Грчкиот ракометен тим АЕК се наоѓа во голем хаос периодов, откако најпрво ракометарите не настапија во реваншот против Алкалоид во Европскиот куп на ЕХФ, а вечерва го загубија и првиот меч од финалната серија против Олимпијакос, што дополнително ги налути навивачите.

АЕК вечерва беше совладан од Олимпијакос so 27-32, а навивачите го изразија револтот преку социјалните мрежи каде што бараа оставки и ги критикуваа ракометарите кои не одиграа најдобар натпревар против големиот ривал.

Олимпијакос направи брејк во финалната серија, а следниот меч меѓу грчките ривали е закажан на 6 јуни, каде што АЕК ќе има шанса за поправен испит.

Екипата од Атина сè уште е во исчекување и на одлуката на ЕХФ за реваншот против Алкалоид, откако македонскиот тим славеше на првиот финален дуел во Европскиот куп со 29-25 и се наоѓа на чекор до титулата.